Хотелите се класифицираат според неколку параметри. Имено, тие можат да се поделат според големината на објектот, локацијата, целните пазари, нивоата на услугa, понудените дополнителни услуги, бројот на собите, типот на сопственост и управување и сл.
Во продолжение ќе ги разгледаме основните класификации кои се прифатени на глобално ниво.
1. Според големина или број на соби
- Под 200 соби
- 200 до 399 соби
- 400 до 700 соби
- Повеќе од 700 соби
Оваа класификација, според големината на хотелот, многу зависи од регионот во кој се наоѓа. Наведениот пример е земен просек на светски рамки. Сепак, ваквиот тип на класификација овозможува хотели со слична големина да ги споредуваат оперативните процедури и статистичките резултати.
2. Според целните пазари
Хотелот може да таргетира различен тип на целна група на гости. Истиот може да се класифицира според пазарите каде што се обидуваат да ги привлечат своите гости. Според оваа класификација ќе разгледаме неколку основни видови за да ја воочиме разликата:
- Бизнис хотели: Овие хотели се најголемата група на хотелски објекти и првенствено се наменети за деловни патници. Најчесто се лоцирани во центарот на градот или деловните квартови. Иако Бизнис хотелите првенствено служат за бизнис патници, многу туристички групи, индивидуални туристи и мали конференциски групи ги сметаат овие хотели за атрактивни. Важни услуги кои се задолжителни во овој вид на хотели најчесто се бесплатни весници, утринско кафе, бесплатни локални телефонски повици, појадок, брза и стабилна интернет конекција итн.
- Аеродромски хотели: Овие хотели обично се насочени кон бизнис клиентелата, патници со задоцнети или откажани летови и екипаж од авио компаниите. Некои хотели обезбедуваат и бесплатен превоз помеѓу хотелот и аеродромот. Други пак исто така го наплаќаат престојот по час, наместо вообичаениот принцип по ноќевање.
- Апарт-хотели: Овие хотели се најнови тренд и најбрзо растечки сегмент во хотелската индустрија. Ваквите хотели имаат дневна соба и посебна спална соба. Младите бизнисмени ги сметаат овие хотели за особено атрактивни, бидејќи можат да работат и да се забавуваат додека се на службено патување.
- Хотели за подолг престој: Хотелите за подолг престој се донекаде слични на апарт-хотелите, но обично имаат кујна во склоп на собата. Овие хотели се за посетители кои сакаат да останат повеќе од една недела и не сакаат да трошат многу на хотелски објекти.
- Ресорт хотели: Вид на хотели кои се всушност одморалишта кои обично се наоѓаат во планините, на островите, или во некои други егзотични локации надвор од градовите. Овие хотели имаат објекти за рекреација, голф терени, тениски терени, терени за скијање и базени. Ресорт хотелите се фокисирани да овозможат пријатно и незаборавно искуство за да ги поттикнат гостите повторно да ги посетат.
- Преноќишта со појадок: Ова се најчесто приватни куќи со соби пренаменети во гостински соби, со големина до 1 до 10 соби. Тие се исто така познати како “Home Stay”. Сопственикот често живее со истиот објект, се грижи загостите и служи на појадок наутро.
- Казино хотели: Хотели со казино во склоп на објектот се нарекуваат, нормално, казино хотели. Иако, како и се останато, храната и пијолаците во овие хотели се луксузни, нивната функција е секундарна и е во прилог на примарната – коцкање!
- Центри за конференции и конвенции: Овие хотели се фокусираат на средби и конференции и главно се наменети за сместување на присутните учесници на овие собири. Тие исто така обезбедуваат видео конференции, аудиовизуелна опрема, деловни услуги, флексибилни аранжмани за седење, флипчарт итн. Овие хотели најчесто се лоцирани надвор од градските области и имаат објекти како голф терени, базени, тениски игралишта, фитнес центри, спа центри итн.
3. Според нивото на услуга
- Премиум услуга: Исто така се нарекуваат луксузни / хотели со 5 ѕвездички и се насочени кон врвни бизнисмени, познати личности, високи политички личности и богата клиентела како нивни примарни гости. Тие имаат луксузни ресторани и сали, консиерж услуги и приватни ресторани и сл.
- Среден опсег на услуги: Хотели кои нудат среден опсег или услуга од 3 до 4 ѕвезди. Истите опслужуваат најголема целна група на гости. Овој вид на хотели не обезбедува разновидна услуга и располага со средно-обучен персонал. Тие исто така обезбедуваат еднолична услуга, вообичаена храна и пијалоци, собна послуга, Wi-Fi, итн.
- Буџет / ограничена услуга: Овие хотели нудат чисти, удобни, безбедни, евтини соби и ги задоволуваат основните потреби на гостите. Буџетските хотели целат првенствено на буџетски патници кои сакаат соба со минимални услуги и удобности потребни за удобен престој, без непотребно плаќање дополнителни трошоци за скапи услуги.
4. Според сопственост и управување
- Независни / индивидуални хотели: Тие се во сопственост или управување од страна на познат бренд и не се поврзани со други хотелски објекти. Пример за ова се хотелите кои се во семејна сопственост и истите не следат никакви корпоративни политики или процедури.
- Хотели во синџири: Хотели кои се дел од синџир на хотели кои вообичаено се водат според наметнати одредени минимални стандарди, правила, политики, процедури и ограничувања. Општо земено, кај овие хотели колку е поцентрализирана организацијата, толку е посилна контролата врз самиот хотел.