Стопанската комора на Македонија, согласно интересите и барањата на своите членки, како една од клучните определби го поставува и прашањето за активно вклучување на бизнис-заедницата во процесот на креирање политики, како и искажување на интересите на членките на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите за деловното функционирање и подршка на бизнис секторот.
Целта на одржувањето на Тркалезната маса беше преку дијалог да се отвори дебата за ефектите од досега преземените мерки како и чекорите кои треба да бидат направени за стимулирање на развој на дејноста во насока на постигнување поголеми економски ефекти, тргнувајќи од светскиот тренд на една од најбрзо растечките гранки и согласно големиот развоен потенцијал на дејноста угостителство и туризам.
На денешната тркалезна маса, збор земаа главните говорници од угостителско-туристичката фела, како и други чинители и поддржувачи на туризмот:
- Соња Бибановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија
- Горан Дамчевски, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија
- Славе Сирачески, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Мaкедонија;
- Зоран Павловски, државен секретар во министерството за економија
- Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот;
- Антонија Шишак, директор на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со дотација од Европската унија (ИПА 2), подржан ос Светската Банка;
- Елена Младеновска-Јеленковиќ, Здружение на Вина на Македонија;
- Беким Хаџиу, раководител на секторот за туризам и угостителство при министерството за економија
Како главни точки на дискусија, предложено беше во иднина да се разгледуваат потребата од формирање совет за туризам, недостигот на релевантни статистички податоци и постоечките проблеми во законската регулатива за спроведување на одредени сегменти од донесените стратешки документи за развој на туризмот во нашата земја, како и соработката со локалната самоуправа.
Дополнително, чинителите во реалниот сектор од областа на угостителството и туризмот, ја изразија својата загриженост околу принципите и начинот на изготвување на досегашните стратегии за туризам, како и резултатите од спроведувањето на истите, вклучувајќи ги и проектите поддржани од надворешни финансиски фондови кои произлегуваат од донесените стратешките документи.
Исто така, агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги изнесе своите планови за промоција на туристичката понуда во странски земји, наведувајќи ги каналите и буџетот предвиден за следната година.