458
Во соработка со реномираната компанија Reseliva од Турција, Regent Hospitality Consulting организира двочасовна инфо сесија на тема “УПРАВУВАЊЕ СО КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА”.
Целта е запознавање на хотелиерите со современите алатки за управување со продажните канали, во интерес на зголемување на приходите и намалување на ниската сезона во хотелската индустрија.
Во рамки на активностите за Регионална соработка за подобрување на хотелското работење, свое обраќање ќе има и Г-дин Ведат Каракоч, ко-основач на компанијата Reseliva со седиште во Истанбул, Турција и бизнис операции во голем број земји од Европа и Азија.
Резервирајте го Вашето место на: info@regent.mk