Regent Hospitality Consulting организира дводневна обука на тема СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ КАЈ ХОТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

од Игор Дамчевски

Добро испланираната стратегија и сподобност за соодветно извршување на истата се клучни фактори за успех на секој бизнис. Имајки го предвид фактот дека во хотелско-угостителската индустрија има силна конкуренција, стратегискиот менаџмент или создавање на ефективни планови и процеси за успешен угостителски бизнис, е од клучно значење за успехот на хоетлите. За таа цел Regent Hospitality Consulting организира дводневна обука на тема СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ КАЈ ХОТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ.

Стратегиското управување претпоставува стратешко планирање, или способност на организацијата да ги утврди краткорочните и долгорочните цели, а потоа да ги утврди одлуките и активностите кои треба да се преземат за да се постигнат тие цели. Овој курс се фокусира на принципите кои им овозможуваат на менаџерите да ги водат своите хотели низ процесите на формулирање, спроведување и евалуација на стратегиите на работа.

Целта на оваа обука е да се развие способноста кај хотелските менаџери за користење на аналитичките алаткиво интерес на анализирање на индустријата и конкурентите. Посебно внимание се посветува на стратегии за градење конкурентска предност и генерирање вредност за клиентите. Покрај тоа, ефективното стратешко одлучување бара учење преку активно решавање на проблеми; Оттука, нашиот акцент ќе биде на преведување на концепти во акција преку методот на анализа на реален случај.

Оваа обука ќе биде интензивен курс на стекнување теоретски знаења и практични вештини, кои ќе се стекнат преку обработка на следните теми:

Оперативен менаџмент

  • Управување со човечки ресурси
  • Основни стандарди во угостителство
  • Управуване со промени
  • Дефинирање модел на работа

Стратегиско планирање

  • Анализа на работење
  • Управување со приходи и расходи
  • Сегментација на пазарот и позиционирање
  • Канали на маркетинг и продажба

Обуката е дизајнирана да се реализира во 2 дена, а целите ќе се постигнат во сесии составени од практични и интерактивни вежби пропратено со теоретско предавање

Повеќе информации околку самата обука и како да се пријавите на СЛЕДНИОТ ЛИНК.