Во летниот дел од сезоната, базенот е најчесто еден од одлучувачките фактори кај гостите при избор на хотел. Голем базен во хотел привлекува гости, претставува дополнителен начин за генерирање приходи и е вистински начин да се издвоите од конкуренцијата. Денес, речиси сите хотели задолжително имаат еден па и повеќе базени. Сепак, кај многу хотелиери, оджувањето на базенот предизвикува дополнителна главоболка.
Комерцијалните базени, како оние во хотелите, бараат редовно тековно и правилно одржување. Доколку не се чистат и одржуваат правилно, многу брзо ќе се претворат во финанскиски товар за хотелиерите и главна преокупација на вработените од одделот за техничко одржување.
Зошто одржувањето е толку важно?
Кога управувате објект кој има базен, теретана, или спа центар кој постојано го користат стотици луѓе секој ден, ќе сакате да сте сигурни дека објектот е безбеден за гостите кои ги користат неговите содржини.
Со оглед на очигледните проблеми со хигиената поврзани со нечист базен, потребна е добра организација и редовно одржување. Лошото одржување може да придонесе за раст на алги и бактери во водата, што пак може да резултира со кожни инфекци па дури и смртоносни заболувања како легионелоза. Хемикалиите и системите за правилно чистење на базените го одржуваат квалитетот на водата во базенот во безбедни граници во секое време. Иако постојат закони кои ги дефинираат нивоата на хемикалии кон кои мора да се придржуваат сопствениците на базени за колективна употреба, многу малку се зборува за начинот на кои тие треба да се одржуваат; хемикалиите се само почеток на приказната! Потребно е да се воведе и следи ригорозен план поради сериозноста на пробленмот.
Кога (не)треба да го чистите базенот?
Бзенот е најинтересно место за дружење во хотелот, особено за семејствата со деца. Токму затоа, имајте на ум дека децата секогаш одвај чекаат да влезат веднаш во водата, истата минута штом пристигнат во хотелот. Тоа значи дека ќе треба да ја исчистите водата претходно. Планирајте го вашиот распоред за чистење како што треба. Одредете колку време ќе треба пред водата да биде подготвена за гостите на хотелот. Нема ништо поразочарувачки од тоа да им кажете на гостите дека треба да почекаат неколку часа за базенот да се исчисти пред да можат да го користат. Не ги терајте вашите гости да чекаат! Со автоматизирани системи за хлорификација или добро планирање на времето, можете да го исчистите и одржувате вашиот хотелски базен како што треба, без гостите да забележат.
Кои чекори за одржување треба да ги следите?
Одржувањето на хотелскиот базен е составено од неколку задачи и се разликува според локацијата, типот на базен и интензитетот на користење на истиот. Основни правила кон кои би требало да се придржувате при тековното одржување, на одредени временски интервали, се следните:
Два пати дневно:
- Проверете го нивото на хлор во базенот
- Проверете го нивото на pH (алкалност) на водата
- Проверете ја температурата на водата
Еднаш дневно:
- Отстранете ги нечистотиите и органските остатоци
- Проверете го нивото на водата
- Отстранете ги настанатите наслаги од алги на дното
Двапати неделно (или по потреба):
- Исчистете ја водоводната инсталација
- Исчеткајте ги сите агли на базенот во кои може да се наталожи нечистотија и алги
Месечно:
- Извршете бактериолошка анализа
- Проверете ги алкалните нивоа
- Исчистете ги филтрите за вода
- Проверете го нивото на тешки метали и цијанурична киселина
Гостите поверојатно е да резервираат хотел ако има базен, но набрзо ќе ги откажат резервациите ако на интернет прочитаат негативни критики за квалитетот на вашиот базен. Коментарите дека вашиот хотел е валкан, неуреден и неорганизиран, ќе ги испратат потенцијалните гости директно на вратата на вашата конкуренција. Затоа, проверете го начинот на кој ги одржувате базените во вашиот хотел и пружете им на гостите безбедно ужување за време на летото.