Ангажирајте компанија за регрутација кога вработувате нов персонал во Вашиот хотел

од Игор Дамчевски

Кога хотелите ги користат само сопствените ресурси за да најдат нови менаџери и вработени, тоа е како да бараат игла во сено. Речиси и невозможно, за на крајот да се решат на компромис и да се помират со својот избор, наместо позицијата да ја пополнат со идеалниот кандидат. Од друга страна, доколку ангажираат компанија-регрутер, специјализирана за нивната дејност, прво достапен им е поголем број на кандидати за избор и второ самиот процес на регрутација ќе го спроведе некој друг наместо нив.

Многу накратко, да разгледаме само некои од придобивките од работењето со регрутер за кога имате потреба “да го освежите” тимот:

Ќе заштедите време и пари

Во процесот на изнаоѓање на нов вработен, најчесто се калкулираат директните трошоци, како трошокот за огласи за вработување во медиумите и евентуално платите на вработените кои треба да ја спроведат регрутацијата. Тоа што се занемарува е фактот дека и во периодот на барање на нов менаџер, на пример, хотелот трпи индиректни загуби поради лошото раководство или недостатокот на компетентен кадар. Дополнително, никаде не се споменуваат трошоците за обука и тренинг на новиот персонал.

Земете ги сите овие фактори предвид и веројатно ќе приметите како трошокот значително се зголемува. Сега размислете што се случува кога ќе се “задоволите” со одреден кандидат, затоа што нели тоа е тоа што се нуди на пазарот на трудот. Што се случува кога по два месеца сфаќате дека сте направиле грешка и треба повторно да го повторите процесот? Со ангажирање на регрутер ги минимизирате трошоците за вработување и поверојатно е дека ќе го најдете вистинскиот човек за работната позиција.

Ќе го најдете најдобиот можен кандидат

Поентата од горенаведеното е дека доколку сами барате вработен, најчесто сте ограничени на “локалниот пазар”. Со други зборови, на тие невработени кои случајно го виделе огласот за работа. Кога користите регрутер, добивате директен пристап до нивната база на кандидати. Компанијата ќе ги контактира сите оние кои смета дека би биле соодветни за дадената работна позиција, без разлика од каде доаѓаат. Се почесто се случува вработените да прифатат да сменат и место на живеење, доколку им се прикаже можност за добро работно место.

Точно ќе знаете што барате, и Вие и кандидатите

Премногу менаџери немаат поим во што впуштаат кога влегуваат во индустријата. Овој проблем често се влошува кога раководителот на кадровото одделение е под притисок да одредена отворена работна позиција. Прво во одредена мера ги занемарува потребните квалификации за работната позиција и второ непотполно го информира кандидатот за динамиката или сите обврски кои доаѓаат со дадената позиција. Како резултат на ова, целиот процес неминовно се повторува одново кога вработениот не е во состојба да одговори на потребите и зададаните задачи.

Тоа не се случува кога користите специјализирана компанија за регрутација. Тие ќе се осигураат дека кандидатите се целосно свесни за барањата на работната позиција, и физички и од аспект на работната динамика. Оние непријатни факти, кои понекогаш се избегнуваат, треба да презентираат однапред како би се обезбедиле само вистинските кандидати за даденото работно место во хотелот.


Доколку имате потреба од компетентни вработени, а сте се сретнале со некои од проблемите кои ги прочитавте, Ве советуваме да ги контактирате REGENT HOSPITALITY CONSULTING, компанија специјализирана за консултации и тренинзи во хотелската индустрија, со 10-годишно искуство во регрутација и доедукација на кадар од сите нивоа на работа.