Регионална соработка за подобрување на хотелското работење – инфо сесија на тема “Управување со канали на продажба”

од Игор Дамчевски

Во соработка со реномираната компанија Reseliva од Турција, Regent Hospitality Consulting организира двочасовна инфо сесија на тема “УПРАВУВАЊЕ СО КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА”.

Целта е запознавање на хотелиерите со современите алатки за управување со продажните канали, во интерес на зголемување на приходите и намалување на ниската сезона во хотелската индустрија.

Во рамки на активностите за Регионална соработка за подобрување на хотелското работење, свое обраќање ќе има и Г-дин Ведат Каракоч, ко-основач на компанијата Reseliva со седиште во Истанбул, Турција и бизнис операции во голем број земји од Европа и Азија.

Резервирајте го Вашето место на: [email protected]